Се случи она од што најмногу се стравуваше: Потрагата по Виктор Илиоски заврши трагично – пронајден без знаци на живот

Трагично заврши потрагата по 40-годишниот Виктор Илиоски од Прилеп, по кого семејството апелираше за помош во јавноста.

„Почина син ми“, со овие зборови мајката Роза Илиоска ја сподели најтешката вест на социјалните мрежи.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 февруари 2026 година околу 16:00 часот во СВР Битола било пријавено дека во кругот на Градската општа болница – Прилеп е пронајден В.И. (40) од Прилеп без знаци на живот. Смртта била констатирана од Итната медицинска помош.

За настанот бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција. Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Потрагата започна откако на 15 февруари во 16:15 часот во ОВР Прилеп, 69-годишен прилепчанец пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син. Семејството претходно упати јавен апел за помош, наведувајќи дека му се губи секоја трага од саботата околу 14:00 часот, кога последен пат бил виден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде