На 17 февруари 2026 година, во 15:57 часот, од Итната медицинска помош било пријавено во СВР Скопје дека на стариот пат кон Кучевичка Бара се
случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фиеста“ и патничко возило „фолцваген голф“, двете со скопски регистарски ознаки.
Од здобиените повреди, возачот на „форд фиеста“ починал на местото на несреќата, додека возачот на „голф“ со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клинички центар „Мајка Тереза“ – Ургентен центар.
Сообраќајот на стариот пат кон Кучевичка Бара во моментот се пренасочува, а надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за несреќата и за расчистување на случајот.

