Сообраќајна несреќа се случи попладнево на булеварот „Партизански одреди“, пред раскрсницата со улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје.
Според фотографиите од местото на настанот, во незгодата учествувале две патнички возила и еден мотоцикл. Неофицијално, лицето што управувало со мотицклот е повредено во несреќата.
Полицијата е на терен, го обезбедува просторот и врши увид.
Сообраќајот на овој дел од булеварот се одвива отежнато. Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица или за причините за несреќата. Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

