Министерството за внатрешни работи со официјални детали за сообраќајната несреќа што попладнево се случи на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Како што информираат од МВР, на 19.02.2026 година околу 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот настанала сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо“, патничко возило „бмв“ и мотоцикл „сузуки“, управуван од А.К.
Според информацијата, при отворање на предната десна врата од страна на совозачот од патничкото возило „пежо“, Д.О., мотоциклистот паднал на коловозот и удрил во патничкото возило „бмв“.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.К., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид, а се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата.

