Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер – еве каде е епицентарот
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, е регистриран во близина на португалскиот главен град Лисабон, соопшти Институтот за море и атмосфера на земјата.
Епицентарот на земјотресот бил на четири километри западно од општината Алекнер, 40 километри североисточно од главниот град.
Нема извештаи за сериозни штети.

