Македонија тагува: Во тешка несреќа загина 24-годишно момче

24-годишниот Ердоган Асанов, вработен во компанијата „Феромонт“ во Велес, трагично го загуби животот на своето работно место, објави Roma Press.

Според неофицијални извори на Roma Press, недоволна заштита на вработено лице доведе несреќата да биде фатална со тоа што врз него паднале од кран тешки шипки.

На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во индустриска зона на подрачјето на општина Петровец, при изведување работни задачи на објект во изградба на една фабрика, од висина паднал метален профил врз Е.А.(23) од Велес, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот, информира МВР.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.За настанот е известен трудов инспектор, а извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Телото по наредба на Обвинителството е предадено на судско вештачење, а МВР е известено за случајот. Се очекува официјална потврда за околностите на трагедијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде