Утрово пристигна тажна вест – почина легендарниот актер

Актерот Ерик Дејн почина на 54-годишна возраст по долга борба со амиотрофична латерална склероза (АЛС), објави ТМЗ.

Тој починал синоќа во болница во Лос Анџелес, опкружен со сопругата, ќерките, пријателите и роднините.

Ѕвездата на серијата „Вовед во анатомија“ објави уште во април 2025 година дека му е дијагностицирана АЛС. Тој објасни како патот до точна дијагноза бил исцрпувачки.

Со месеци одел од еден специјалист до друг, правејќи бројни тестови, сè додека неврологот конечно не му ја соопштил тешката вест.

Во текот на изминатите месеци, Дејн редовно известуваше за својата борба со прогресивната невродегенеративна болест, откривајќи дека му останала само една функционална рака и дека неговата физичка сила полека го напушта.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде