Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Поради обилни врнежи од снег од 6:50 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, соопшти ЈП „Македонија пат“.
„Врнежи од снег со променлив интензитет има и на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража. Сите патни правци во државата се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони“, информира „Македонија пат“.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

