Се си чини, ако сакате поевтино одете во Италија, пишува на Фејсбук Ина Многуфина, која го коментира тим-билдингот на вработените во Владата.
Како се стресовте за тимбилдингот од 80 000 за административците, бог да чува. Толку е. Вика 7 групи по 15-25 луѓе, еве нека се 25, 175 луѓе се тоа што треба да се билдаат.
Мора да е хотел од минимум 4 ѕвезди за и они да видат што е тоа. Сите да се сами во соба пошо не знаеш кој со кој е скаран, да не ја праиме големата таму. Значи 175 соби по просек 60 евра од вечер е 10 000 евра значи скоро колку 80 000. Или ајде вака, 80 000/175 му доаѓа по 450 евра од чоек за 3 дена. Спиење, полупансион, значи ќе гладуваат на ручек за да не се буните, и превоз.
Превоз со автобус, кошта тоа, автобусот може вози по пратеничка тарифа. Полупансион, што да им дадат? Они во влада папаја и манго доручкуваат, што да им дадат, јајце варено? Да се брукаат хотелите? Значи нешо прилагодено со нивната исхрана. Кај се предавачи? Сигурно ќе донесат некој квалитетен да им предава ефективна комуникација и решавање конфликти, а и тоа кошта. Значи, толку е, ако не и може и да зафали. Хотелите реално за толкави групи и попуст даваат ама ќе ги видат наивни ќе ги натоварат цените…
Толку е, еве видете понуди и во Венеција да одиш со авион толку е 450 евра за 3 дена од човек. Ама ова е автобус, не е Венеција, Струмица, Охрид и Берово е, епа кошта тоа дечки. Ако сакате поевтино идете си у Италија со авион и готово. Само некои маани наоѓате. Полека, пресметај, толку е. – пишува Ина.

