Инфомакс објави видео: Фатен уште еден камион полн со марихуана

До редакцијата на Инфомакс пристигна видео од уште еден камион полн со марихуана подготвен за шверц.

Имено камионот е фатен утринава во општина Чешиново-Облешево полн со марихуана подготвена за нелегална продажба.

Камионот неофицијално е во сопственост на еден од уапсените во големата акција минатата недела. Според информациите на Инфомакс сопственикот камионот го оставил на сервис поради наводен дефект, но истиот бил целосно натоварен со марихуана.

Полицијата го пронашла камионот и заедно со марихуаната го запленила.

Со оваа заплена количеството на марихуана кое е запленето надминува 40 тони!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде