Македонија во тага, почина Никола Глигоров

По кратко боледување почина Никола Глигоров, културен работник и долгогодишен директор на Дирекцијата за култура и уметност Скопје, кој последниве години беше во пензија, соопшти установата.

Дирекцијата е организатор на манифестациите Скопско лето, Есенски музички свечености и Матурска парада, кои се одржуваат над 40 години.

„Неговата посветеност и придонес во развојот на културниот живот на Скопје ќе останат трајно врежани во нашата организација и во културната меморија на градот“, велат од Дирекцијата.

Погребот на Глигоров ќе се одржи на 24 февруари во Капела 2 на Градските гробишта Бутел, во периодот од 12:30 до 13:30 часот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде