Полицијата со првични детали за несреќата што се случила утрово на еден македонски автопат.
– Денеска околу 07:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Штип-Скопје после наплатна станица „Преод“ во насока кон Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу осум возила.
На местото на настанот излезени се полициски службеници од СВР Скопје, информираа засега од МВР за Скопје Инфо.
Засега нема официјални информации за состојбата на возачите и патниците.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.

