Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека утрово, во 06:10 часот, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби се појавил на граничниот премин „Блаце“, по што бил веднаш лишен од слобода и приведен за понатамошно постапување, јави Тв Алсат М.
– На Артан Груби му е изречена мерка „апсење“. Предметното лице е лишено од слобода за понатамошни дејствија“, се вели во соопштението на МВР.
Груби е под истрага поврзана со сомневања за злоупотреба на службена положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки, во контекст на случај поврзан со функционирањето и договорите на Државната лотарија на Република Македонија.
Според обвинителството, истрагите се однесуваат на одлуки и договори за кои постои сомневање дека предизвикале значителна финансиска штета на буџетот на институцијата, проценета на 500 милиони денари или над 8 милиони евра. Обвинителството тврди дека одредени економски субјекти биле фаворизирани преку спорните постапки.
Груби од 9 декември 2024 година се наоѓа и на Црната листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.


Фото: Лидер

