До редакцијата на Инфомакс стигнаа видео-снимки од надзорни камери, за кои тврди дека го прикажуваат осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане.
Станува збор за видео, направено од камера поставена на приватен објект, на кое се гледа крупен маж облечен во подолга јакна со качулка, како се обидува да ја отвори вратата од куќа. Вратата била заклучена, па лицето не успева да влезе во објектот.
Според куќата се наоѓа во близина на локацијата позната како Коински мост, а во неа живеела сама повозрасна жена. На снимките се забележува и временската ознака – 23 јануари годинава, во 01:54 часот по полноќ.
Жителите на Старо Нагоричане тврдат дека токму овие снимки биле пријавени во полиција. Тие посочуваат дека, според нивните информации, полицијата не ги земала предвид како доказ, со образложение дека камерите биле поставени на приватен објект и не биле пријавени согласно законската регулатива.

