Хаос во владината коалиција ВМРО ДПМНЕ и ЗНАМ- Ова никој не го очекуваше

Законските измени за раст на минималната плата на 600 евра, што ги предложи опозицискиот СДСМ, не поминаа на матичната Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, меѓутоа добија поддршка од еден пратеник од владејачкото мнозинство.

Станува збор за Миле Цеков од ЗНАМ, кој порача дека минималната плата треба да се зголеми.

–Нашата минимална плата денес е најниска во регионот, иако продуктивноста по работен час, која изнесува 34 долари, е можеби една од повисоките во регионот.

На пример, во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора имаат повисок минималец од Македонија, а помала продуктивност по работен час во однос на нашиот работник – изјави Цеков.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде