Куќен притвор и одземање на патната исправа, за поранешниот вицепремиер Артан Груби. Според решението на кривичниот суд Скопје, претходно определената мерка притвор, се заменува со поблага мерка, на предлог на Јавното обвинителство, откако осомничениот беше сослушан, во присуство на бранител.
Пред да биде изведен пред судија на претходна постапка, груби беше на речиси шестчасовен распит во скопското Обвинителство. Предлогот за поблага мерка за обезбедување го образложуваат со неговото доброволно пријавување пред органите на прогонот, но и поради тоа што во затворското притворското одделение, не можела да се гарантира неговата лична безбедност.
По 14 години бегство, на граничниот премин Блаце беше уапсен поранешниот вицепремиер Артан груби. Тој е осомничен за проневера во службата, односно за проневера на 8 милиони евра од Државна лотарија на Македонија.
За него беше распишана меѓународна потерница.
Истрагата за Груби и уште петмина беше отворена во 2024-та година. Тој е осомничен дека на владина седница, во својство на вицепремиер, дал дозвола за купување на 2.000 апарати за игри на среќа, кои никогаш не биле искористени.

