Страотна сообраќајна несреќа, 14-годишно дете итно пренесено во болница

На 23.02.2026 во 20:30 часот во ОВР Прилеп e пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени,

патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб.

Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде