Мртва жена е пронајдена во запалена куќа

Во СВР Скопје е пријавено дека во населбата Ќерамидница настанал пожар во куќа, сопственост на 71-годишната Т.П. од Скопје, која имала здравствени проблеми.

Од Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а на местото е пронајдена почината сопственичката.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде