Пристигна убава вест за скенирачите на фискални сметки

Се најави поднесување измени на два закони со цел финансиско растеретување на физичките лица и малите економски субјекти, вклучително семејните бизниси, занаетчиите и регистрираните земјоделци.

Предлогот предвидува двојно зголемување на максималниот износ за поврат на ДДВ по физичко лице на тромесечје – од 2.100 на 4.100 денари. Исто така, се предлага зголемување на процентот на поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“: од 20% на 40% за македонски производи и од 10% на 20% за останатите производи.

Дополнително, се предлага зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ-обврзник од 2 на 4 милиони денари годишен промет, со цел намалување на административниот и финансискиот товар врз малите фирми.

Со предложените мерки се стреми кон растеретување на даночниот товар кој моментално е непропорционално распределен – на штета на малите бизниси, додека големите компании користат бројни олеснувања и субвенции. Административните трошоци често се поголеми од самата даночна обврска. Целта е прогресивен и праведен даночен систем.

Исто така, се најавува дека во иднина ќе бидат предложени и други мерки со слична насока за поддршка на малите економски субјекти и семејните бизниси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде