Регистриран силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер.
Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на Камчатка.
Сеизмичкиот настан можел да се почувствува во регионалниот главен град, објави огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките на својот Телеграм канал, пренесува ТАСС.
Земјотресот се случил на 236 километри од Петропавловск-Камчатски.

