Страотна сообраќајна несреќа – жена тешко повредена

45-годишна жена е тешко повредена откако со возило излетала од локален пат во демирхисарско. 

– На 27.02.2026 околу 06:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за село Обедник, демирхисарско, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „хјундаи” со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.С.(45) од с.Обедник излетало од коловозот.

По несреќата С.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информираа од МВР. 

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде