На 28.02.2026 во 14:30 часот, на подрачјето на Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишен малолетник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка.
Според пријавата, по претходен договор за средба, малолетникот извршил обљуба врз неа.
За настанот е известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа и родител на малолетникот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

