Фејсбук реакцијата на Јоци ја пренесуваме во целост.
Панче Тошковски, кој мува не го лази околу насилството и убиствата на жени во Македонија, досега требаше да одржи вонредна прес конференција и да каже кои мерки МВР ги презело за заштита на починатата жена и нејзината 6-годишна ќерка, со оглед дека имало многу претходни пријави за семејно насилство – пред трагедијата. Како што тврди семејството.
Идентично како Росица од Велес.
Ако некој не ги фрлал пријавите во ѓубре, секако.
Тошковски, има многу за објаснување на јавноста, особено на жените во Македонија кои не се чувствуваат воопшто безбедно и живеат во страв затоа што МВР не ги штити и не превенира насилство и убиства.
Требаше и да информира дали сопругот/таткото на починатите е веќе на распит, дали е вмешан и колку пати досега бил повикан и што се презело околу тоа?
И дали станица ,,Карпош” му работи како што треба и што презеле досега, затоа што трагичниот настан е на територија на Карпош?
Еве, ќе заклучам – НЕ МУ РАБОТИ КАКО ШТО ТРЕБА И ТОА МУ ГО ИМАМ КАЖАНО!
Тошковски, ми се чини воопшто не чита црна хроника за сурово претепани и убиени жени во Македонија.
Нека си ја земе архивата наназад 2 години и сам нека даде оценка која е неговата улога во низа трагедии кои можеле да се спречат.
Само месецов имаме претепана бремена жена од партнерот, која едвај се спасила, сериски убиец на неколку жени, а бројот расте (никој не го поврзал со месеци), жена и ќерка се фрлаат од тераса затоа што биле жртви на семејно насилство.
А, претходно беше Росица од Велес.
И ако почнеме да вадиме, листата е предолга.

