„Карпата се сруши“: Синот на Горанчо Грга со трогателни зборови се прости од татка си

Карпата се сруши! 💔😭

Беше толку гласен а си замина толку тивко!

Секогаш и за сите беше тука, помагаше и спасуваше без размислување за кој и за каква работа стануваше збор!

Многупати ќе му речев “Тато ајде бе сеа па мора ли и на овај да му се јавеш” само ќе ме погледнеше и ќе речеше “мош има зор човеко од дека знаеш зашо ми ѕвоне”.

ТАТКО МОЈ ти си мојата/нашата ГОРДОСТ, Ти цело време не учеше како да правиме добри работи, како да ги сакаме и да им помагаме на луѓето-тоа беше твојата лекција за нас!

ТАТКО ти си мојот херој и секогаш ќе бидеш, многу ми е жал што не успеав да направам нешто повеќе за да те спасам-најверојатно овој пат така одлучи Господ Бог! 🙏

Моето срце и душа се скршени, но Јас ти ветувам дека ќе се борам и ќе го продолжам патот којшто ни го трасираше! 🙏

ТАТКО МОЈ ти беше ангел на земјата и верувам дека ќе леташ таму горе со ангелите, ќе не чуваш и гледаш од небото! 🙏

Боли Татко болиии…

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде