Синоќа пред полноќ пак се пукало во Чаир.
Во СВР Скопје било пријавено дека од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Полицијата информира дека нема повредени лица нема, а по преземени мерки, полицијата од местото на настанот подигнала осум чаури.
Допрва ќе се истражува дали пукачите биле славеници или имале намера да наштетат некому.

