ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Мајка и дете загинаа по пад од зграда

Тежок трагичен настан се случи попладнево во скопската населба Карпош, каде жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години го загубија животот по пад од станбена зграда дознава 24инфо.

Жители на овој дел на Скопје сведочат за зголемено присуство на полицијата на местото.

Од МВР за Курир потврдија две жртви, а неофицијално станува збор две лица кои паднале од балкон.

Екипи на Брза помош и увидни екипи на полицијата се на терен, а засега не се познати причините за инцидентот и од каков карактер е истиот.

На терен е излезено и Обвинителството, неофицијално дознаваме од наши извори.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде