Доцна синоќа пожар во познат ресторан во Штип (ВИДЕО)

Доцна синоќа избувна пожар во познатиот ресторан „Мал одмор“, кој се наоѓа на влезот од Штип, јавуваат локалните медиуми.

Според првичните информации од очевидци, огнот се појавил во објектот во текот вечерта, по што на терен веднаш биле повикани противпожарни екипи.

Засега нема официјални информации од институциите за причините за избувнувањето на огнот, ниту пак дали има евентуално повредени лица.

Очекувањата се дека во текот на денот надлежните служби ќе излезат со повеќе детали околу настанот, како и за евентуалната материјална штета.

Повеќе информации се очекуваат наскоро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде