Уште една сообраќајна несреќа во Македонија со трагичен исход.
44-годишен возач од Сарај вчера попладне загинал откако со автомобил излетал од патот на обиколницата околу Скопје во правец на Тетово.
Од МВР информираа дека патничко возило со скопски регистарски ознаки излетало од коловозот кај клучката Мирковци, при што возачот починал на местото на несреќата.
Телото на загинатиот е предадено на обдукција, а полицијата работи на утврдување на причините за несреќата.
Истрагата треба да покаже дали станува збор за неприлагодена брзина, технички проблем или други околности што довеле до трагедијата.

