Падна СЕДУМКА на Лото во Македонија – еве од кој град е добитникот

Во најновото извлекување на играта на среќа Лото 7 од 37, кое се емитува на Канал 5, беше извлечена главната премија – таканаречената „седумка“.

Среќниот добитник во 18-тото коло освои 78.522.512 денари, односно околу 1.280.000 евра.

Добитното ливче е уплатено во Кавадарци.

Добитната комбинација е: 10, 1, 8, 4, 5, 2, 11.

Со шест погодени броеви се регистрирани 15 добитни комбинации, а секоја од нив ќе добие по 31.707 денари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде