Следува промена на времето – синоптичарите со најнова прогноза

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет степени, додека максималната дневна ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје се прогнозира слично време – претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Според прогнозата, и во наредните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Исклучок ќе биде утрешниот ден, кога се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Во четврток по одделни котлини повторно ќе има услови за појава на слаба магла.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде