Тажната вест ја објави Оливер Спасовски:
Денес Куманово изгуби човек кој остави значаен белег во неговиот јавен и општествен живот.
Со длабоко жалење ја примив веста за смртта на Бајрам Сулејмани, кој во периодот од 1989 до 1991 година ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Куманово и беше познат локален педагог, професор, новинар и публицист.
Неговиот придонес и посветеност ќе останат запаметени.
Изразувам искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и сите кои го почитуваа.
Нека почива во мир.

