Почина поранешен пратеник во Собранието на РМ

Денеска не напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек.

Беше вистински професионалец и поранешен пратеник во Собранието, човек кој неуморно работеше на реализацијата на патниот Коридор 8 и на развојот на државата.

Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат трајно запаметени.

Изразувам искрено сочувство до неговото семејство и пријатели.

Нека му е вечна слава, напиша Димитар Ковачевски на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде