ПОЧИНАЛ НА ЛИЦЕ МЕСТО: Маж загина во вознемирувачка сообраќајка во Македонија
Маж го загуби животот попладнево во тешка сообраќајна несреќа на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 15:50 часот, кога било пријавено дека патничко возило излетало од коловозот.
Полициски екипи веднаш излегле на терен и утврдиле дека станува збор за автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки. Возачот, кој бил сам во возилото, починал на местото на несреќата.
Надлежните служби работат на утврдување на причините за трагедијата, а повеќе детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

