Нова трагедија на македонските патишта: возило излета од патот – едно лице загина

На 12:20 часот во Полициската станица Демир Хисар е пријавено дека патничко возило „Фиат“ со демирхисарски регистарски ознаки излетало од коловозот во месноста викана Крбла, во атарот на село Сопотница, Демирхисарско.

Според информациите од битолската полиција, во сообраќајната несреќа на лице место загинал возачот Љ.Б., на возраст од 52 години, кој потекнува од село Жван, Демирхисарско.

Смртта на возачот била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Демир Хисар.

Сопатникот во возилото, Д.Г., на возраст од 60 години, исто така од село Жван, се здобил со повреди.

Тој бил пренесен во Клиничката болница во Битола за понатамошна медицинска нега.

Полицијата спроведува истрага за причините за несреќата, при што ќе бидат земени во предвид условите на патот, брзината на возилото и можните технички проблеми.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде