ТРАГЕДИЈА: Во тешка сообраќајка загина Љупчо Бучкоски

Центарот за управување со кризи објави тажна вест.

Вчера, во тешка сообраќајна несреќа, на 52-годишна возраст животот го загубил нивниот колега Љупчо Бучукоски, оперативен работник во Регионалниот центар за управување со кризи во Битола.

„Драг Љупчо, Центарот за управување со кризи ќе те памети по твојата беспрекорна професионалност, посветеност во извршувањето на службените обврски, коректниот однос кон колегите и несебичната поддршка и помош кон граѓаните и градот Битола и Демир Хисар секогаш кога тоа беше потребно.

Денес, кога се простуваме од тебе, со тага но и со гордост за твоите дела, ти благодариме за сè што направи во твојот прерано прекинат животен пат. Ќе останеш запаметен по добрината, човечноста и професионалноста“, стои во објавата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде