ВОНРЕДНО: Се огласи Сузана Спасовска со важна информација до сите граѓани

Македонската фолк пејачка Сузана Спасовска преку социјалните мрежи реагираше на лажни реклами кои кружат на интернет, а во кои се користи нејзиниот лик и име за промоција на наводни таблети.

Спасовска јавно ги предупреди граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, нагласувајќи дека нема никаква врска со рекламите кои се појавуваат на интернет и социјалните мрежи.

„Драги и почитувани фејсбук пријатели! Секојдневно ми пристигнуваат прашања за некои таблети кои се рекламираат преку реклами создадени од вештачка интелигенција, па сакам да ви кажам дека никого и ништо не рекламирам. Сите реклами кои ќе ги видите со мојот лик и моето име и презиме се лага! Не нарачувајте!“, порача Спасовска.

Пејачката апелираше до јавноста да биде внимателна со ваквите реклами, бидејќи станува збор за злоупотреба на нејзиниот идентитет и потенцијална интернет измама.

Во последниот период на социјалните мрежи и на одредени веб-страници сè почесто се појавуваат реклами генерирани со вештачка интелигенција, во кои се користат ликови на познати личности за промоција на различни производи без нивна дозвола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде