Нов земјотрес ја стресе Македонија – еве каде е епицентарот

Земјотрес со локална магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар потекнува од Грција, е почувствуван доцна синоќа во западните делови од државава.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје соопшти дека земјотресот бил регистриран во 22 часот и 17 минути.

Епицентарот е на околу 200 километри југозападно од Скопје.

– Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде