Надлежните екпи на Град Скопје веднаш излегоа на терен по сообраќајната несреќа на на булеварот „Александар Македонски“ со цел да се санира настанатата штета и да се нормализира сообраќајот.
Во несреќата камион со скопски регистарски таблички удри во семафор, а едно лице учесник во сообраќајот беше повредено.
Од Град Скопје известуваат дека екипите се ангажирани на отстранување на оштетената сообраќајна сигнализација и на враќање на локацијата во првобитна состојба, со цел што побрзо да се воспостави безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
– Ја информираме јавноста дека трошоците за санација и повторно поставување на сообраќајната сигнализација ќе бидат фактурирани на товар на причинителот на штетата, согласно важечките прописи, соопштија од Град Скопје.
Министерството за внатрешни работи е на терен, а увидот за утврдување на околностите под кои се случил настанот е во тек.
Од Град Скопје упатија апел до возачите за трпение и внимателно движење додека целосно не се расчисти коловозот и сообраќајот не се нормализира.

