Од Министерството за внатершни работи денеска информираа за 14 пријави за семејно насилство во последното деноноќие.
Во најголемиот број случаи жртви се жени, но регистриран е и случај во кој настрадал маж.
Како што информираа од полицијата, вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријавил дека околу 07:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветна пријава, потенцираат од МВР.

