Почина поранешниот фудбалски судија Кировски Васил – Џери, кој остави значаен белег во македонскиот и југословенскиот фудбал.
Својата кариера ја започна како фудбалер во ФК МИГ (денешен ФК Скопје), а подоцна се посвети на судиската професија.
Во текот на кариерата судеше натпревари од потсојузните лиги до Втората и Првата Сојузна Југословенска лига, а по осамостојувањето на Македонија беше дел од судиите во Првата македонска фудбалска лига.
По завршувањето на активното судење, остана во фудбалот како судиски контролор, регрутер и ментор на младите судии.
Зад себе остави траен белег во македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија изрази искрено сочувство до семејството Кировски.

