ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ЕДЕН МЛАД ЖИВОТ: Возач загина во страшна сообраќајна несреќа – ова се деталите!

Дваесет и деветгодишен мотоциклист загина во вторник попладне во сообраќајна несреќа на Пржарска улица во Врање, потврдија повеќе извори.

Според првичните информации, младиот човек управувал мотоцикл кога од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и удрил во дрвена бандера покрај патот.

На местото на несреќата брзо пристигнала екипа на Итната помош, но и покрај нивната интервенција, мотоциклистот им подлегнал на тешките повреди.

Пржарска улица се наоѓа во горниот дел од градот и води кон ридот Пржар. Овој дел од патот е познат по бројните кривини и нагорнини, што го прави особено ризичен за возачите. Надлежните служби работат на утврдување на точните околности за несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде