Владата преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска изврши исплата на дополнителна финансиска помош од 20 проценти за носители на семејни земјоделски стопанства.
Исплатата е реализирана согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Вкупниот износ на исплатените средства изнесува 30.302.543 денари, а финансиската поддршка е наменета за 243 корисници – носители на семејни земјоделски стопанства.
Од Министерството информираат дека оваа мерка има за цел да обезбеди дополнителна поддршка за земјоделците, да придонесе за подобрување на нивната економска состојба и да го поттикне развојот на домашното земјоделско производство.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посочува дека ќе продолжи со континуирана поддршка на земјоделците и со спроведување на мерки кои имаат за цел унапредување на земјоделскиот сектор и зголемување на производството.

