66-годишен државјанин на Грција е уапсен во Штип откако е осомничен дека недолично допирал 14-годишно момче во просторија за туширање во градска бања.
Според информациите од полицијата, случајот се случил вчера околу пладне.
Малолетникот бил во бањата заедно со родителите, а откако се разделил со татко му во машкиот дел, осомничениот тргнал по него во просторијата за тушеви.
Таму, како што е пријавено, мажот почнал да го допира момчето по телото. По пријавата, полицијата од СВР Штип реагирала и околу 15 часот го привела осомничениот.
Тој е задржан во полициска станица, а по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

