Почина актерот Кирил Поп Христов-Кили. Тој вчера починал во Еквадор на 58-годишна возраст, потврдил пријател на семејството за порталот Сакамдакажам.
Поп Христов се преселил во Еквадор во 2014 година. Иако повремено се враќал во Скопје, последната година и половина од животот ја поминал таму. Тажната вест за неговата смрт на неговите браќа во Скопје им ја соопштила сопругата на актерот, кореографката Гордана Деан Поп-Христова.
Кирил Поп Христов-Кили е роден на 30 јули 1967 година во Скопје. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во 1989 година, во класата на професорот Љубиша Георгиевски.
Од 1993 до 2014 година бил член на ансамблот на Македонски народен театар, каде што остварил бројни театарски улоги.
Во текот на својата кариера настапувал и на филм. Меѓу познатите остварувања во кои глумел се филмовите Панкот не е мртов, Бал-кан-кан и Тетовирање. На театарската сцена се појавил во претстави како „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“ и „Народен пратеник“, оста

