На 11.03.2026 во 19:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека кај Требошки натпатник во Тетово,
патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(48) од с.Врапчиште, гостиварско излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички, Х.Џ.(69) и Љ.Џ.(48) од с.Врапчиште, гостиварско, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

