Следува голема промена на времето – врнежи од дожд и грмежи – ЕВЕ КОГА

Викендов (сабота  и недела 14/15 март) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висински циклонски систем кој ќе се наоѓа над нашиот дел од Европскиот Континент.

Во ваква ситуација, по претежно стабилното и сончево утро и претпладне, во попладневните часови ќе имаме повеќе облачност и локален развој на конвективна облачност од која очекувам појава на локален дожд проследен со ретки грмежи како и со засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

На високите планини пак над 1900/2000 метри ќе провејува снег.

И во Скопје и околината викендов ќе има услови за локален попладневен дожд и услови за ретки грмежи како и со засилување на ветерот. Наутро температурите пак на повеќе места во Македонија ќе се спуштаат до околу или за некој степен под нулата а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушта до околу 0 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 18 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде