Зимата се враќа во Македонија – најавено значително заладување и врнежи од снег – ЕВЕ КОГА

Зимата повторно се враќа во Македонија и на Балканот.

Според најновите прогностички материјали, од 17 март следува значително заладување на времето, проследено со почести и повремено пообилни врнежи.

Метеоролозите најавуваат дека регионот ќе биде под влијание на значително постуден воздух кој ќе продира од север, што ќе доведе до осетен пад на температурите во повеќе делови од Балканот, вклучително и во Македонија.

Со продорот на студената воздушна маса се очекуваат врнежи од дожд во пониските предели, додека на планините тие ќе бидат од снег.

Поради значителното заладување, на планинските места ќе се формира и снежна покривка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде