Извршниот одбор на СДСМ донел одлука да иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од членството во партијата.
Од партијата соопштија дека одлуката е донесена поради, како што наведуваат, дејствување спротивно на интересите на СДСМ. Во соопштението се тврди дека Шилегов е уценет и дека работи во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ја разоткривме целата бизнис-шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до ‘Руднап’.
Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре“, се наведува во соопштението на партијата.
Во него се додава дека, според нив, станува збор за „платформа за рушење на СДСМ“, поради што е покрената постапката за исклучување на Шилегов од членството.

