Тажни сцени синоќа од Кочани: Со минута молк, во 2 часот и 32 минути, оддадена почит на загинатите во пожарот

Со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.

– Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк.

Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува, посочија од здружението на граѓани „16 Март 2025“ кои го организираа собирот пред дискотеката каде што пред една година во пожар животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.

Пред дискотеката беа поставени срциња со испишани имиња на загинатите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде