Граѓаните повторно се соочуваат со повисоки цени во маркетите, а најновиот раст најсилно се чувствува кај производите што секојдневно се купуваат и што традиционално најмногу се бараат во пресрет на велигденските празници.
Во дел од продажните места табла јајца веќе достигнува цена од над 300 денари, литар масло повторно се продава за повеќе од 100 денари, а нагорна корекција има и кај сувомеснатите производи.
На еден од сајтовите за споредба на цени во маркетите една табла јајца чини 309 денари а на 9 март чинела 279 денари

Ова ново поскапување доаѓа во период кога домашните буџети и онака се под силен притисок. За многу семејства, секое влегување во маркет значи ново пресметување, нов избор што да се купи, а што да се остави за следниот пат.
Најголем проблем е што не растат цените на луксузните производи, туку токму на оние што се сметаат за основа на секојдневната исхрана.

